Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац
Возач на камион од Македонија загина синоќа во сообраќајна несреќа на автопатот кај Лесковац, потврдија за агенцијата Бета во Полициската управа во тој град.
Несреќата се случила околу 01,50 часот кога камионот се превртел и потоа се запалил.
На местото на несреќата интервенирале противпожарни и спасувачки екипи.