Рекорден септември на порталот „услуги“: 27.345 барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000
Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk<http://uslugi.go
Со овој резултат, вкупниот број на барања поднесени преку Националниот портал надмина 400.000 и достигна 405.881 барање.
Континуираниот раст на користењето на порталот е резултат на проширувањето на бројот на достапни електронски услуги, поедноставувањето на постапките и сè поголемата соработка со институциите кои своите услуги ги прават целосно достапни онлајн.
Особено се издвојува одличната соработка со Државниот завод за статистика, со кој во изминатиот период беа дигитализирани и ставени на располагање повеќе услуги, вклучително и услуги наменети за студентите и академската заедница.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека бројките покажуваат дека граѓаните сè повеќе ја препознаваат вредноста на електронските услуги.
„27.345 барања за само еден месец е најдобриот резултат од постоењето на порталот. Уште поважно е што вкупно ја надминавме бројката од 400.000 барања. Ова покажува дека кога услугата е едноставна, достапна и целосно електронска, граѓаните ја користат. Нашата цел е сè повеќе постапки да можат да се завршат од дома или од мобилен телефон, без шалтери, без непотребно чекање и без носење документи од една институција во друга“, истакна Андоновски.
Министерството за дигитална трансформација продолжува со институциите да работи на дигитализација на нови услуги, нивно поврзување преку Платформата за интероперабилност и поедноставување на корисничкото искуство на Националниот портал.
Фокусот останува на услуги кои граѓаните и компаниите најчесто ги користат и кај кои дигитализацијата може да донесе најголема заштеда на време и административни трошоци.
Рекордниот септември е уште една потврда дека електронските услуги постепено стануваат стандарден начин на комуникација меѓу граѓаните и институциите.