Конференција Connected by Xiaomi во Скопје: Зајакнување на партнерствата и натамошно позиционирање на македонскиот пазар
Компанијата Xiaomi организираше конференција во соработка со овластениот дистрибутер EWE Дистрибуција од Скопје, со цел дополнително зајакнување на присуството на македонскиот пазар и унапредување на соработката со локалните партнери.
Настанот ги обедини клучните претставници од индустријата, медиумите и дистрибутивната мрежа, а фокусот беше ставен на понатамошниот развој на екосистемот на производи на Xiaomi и неговото позиционирање како сеопфатно решение за модерен и поврзан начин на живот.

Во согласност со стратегијата Human x Car x Home, Xiaomi продолжува да развива интегриран екосистем во кој сите уреди се меѓусебно поврзани и приспособени на секојдневните потреби на корисниците, без разлика дали се дома, во движење или во различни животни ситуации.
Во рамки на конференцијата, Xiaomi го најави и проширувањето на своето портфолио во Северна Македонија со телевизори и големи домашни апарати, како важен чекор кон понатамошниот развој на интегрираниот Human × Car × Home екосистем.

Меѓу претставените производите се Xiaomi TV S Mini LED серијата, која носи напредна Mini LED технологија за поквалитетно визуелно искуство, Mijia Front Load Washer Dryer Pro 9kg EU, практично решение што ги обединува перењето и сушењето алишта, како и Mijia Refrigerator Side-by-Side 621L EU, кој нуди голем капацитет од 621 литар и посебно унапредени сегменти за организирано чување на намирниците, овозможувајќи попрактично и подобрено корисничко искуство во современиот паметен дом.
Со почетокот на есенската сезона, посебен фокус е ставен и на производите чија продажба започнува во октомври. Mijia Smart Air Purifier 6 EU и Mijia Smart Air Purifier 4 Lite EU нудат паметно прочистување на воздухот за поквалитетна домашна средина, додека Xiaomi Smart Graphene Heater овозможува брзо и ефикасно загревање со паметна контрола.
Портфолиото за паметно одржување на домот дополнително се проширува со новата Xiaomi Robot Vacuum 6 серија, создадена за моќно и интелигентно автоматизирано чистење, како и Xiaomi Vacuum Cleaner 4 серијата, која комбинира силни перформанси со практичност во секојдневното чистење.

За корисниците кои постојано се во движење, Xiaomi нуди сигурни придружници преку паметни уреди како Xiaomi Watch 5, кој овозможува следење на здравјето и активностите во текот на целиот ден, како и Xiaomi UltraThin Magnetic Power Bank – практично и елегантно решение за дополнителна енергија во секој момент. Кога станува збор за активности на отворено и урбана мобилност, Xiaomi Scooter 6 серијата претставува идеално решение за ефикасно движење низ градот.
Во фокусот се и најновите паметни телефони на брендот, REDMI Note 17 серијата и Xiaomi 17T, кои носат нови подобрувања во перформансите, камерата, батеријата и корисничкото искуство и дополнително го зајакнуваат Xiaomi портфолиото во различни ценовни сегменти.
Конференцијата беше и можност да се направи осврт на одличните деловни резултати остварени во претходната година, кои дополнително ја потврдуваат силата на брендот и стратегијата на компанијата. Вкупните приходи на компанијата достигнаа приближно 59,4 милијарди евра, со раст од 25% во однос на претходната година, додека приспособената нето-добивка порасна за 43,8% и изнесуваше околу 5,1 милијарда евра. Сегментот на паметни телефони останува клучен столб на работењето со приходи од приближно 24,2 милијарди евра, со испорачани 165,2 милиони уреди и задржување на позицијата меѓу трите водечки производители на глобално ниво.
Истовремено, IoT и lifestyle сегментот достигна историски максимум со повеќе од една милијарда поврзани уреди на Xiaomi AIoT платформата, што дополнително ја потврдува насоката на развој кон интегриран екосистем на паметни решенија.

„Паметен живот создаден за тебе“ останува централната идеја што ги поврзува сите сегменти од работењето на компанијата – од мобилни уреди, преку паметни домашни апарати, до сè поширок спектар на иновативни производи. Токму преку ваквите иницијативи и партнерства, Xiaomi продолжува да ја гради својата визија за технологија која е достапна за сите и приспособена на реалните потреби на корисниците.
Северна Македонија е важен пазар за Xiaomi, а компанијата, заедно со своите локални партнери, продолжува да работи на проширување на портфолиото на достапни Xiaomi уреди и создавање целосно и квалитетно корисничко искуство. Со поврзување на паметните телефони, паметните домашни уреди, телевизорите и решенијата за мобилност во единствен екосистем, Xiaomi ја продолжува својата мисија иновативната технологија да ја направи достапна за што поголем број корисници.