Мицкоски најави можен ребаланс, мерките за горивата ќе го чинат Буџетот 6-7 милијарди денари


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека до крајот на годинава е можен уштге еден ребаланс на Буџетот, по оној кој беше донесен во јули годинава. Ова, како што рече Мицкоски, е поради помалку прибраните средства од акцизи и ДДВ а кои што според проценките на Владата, до крајот на годинава ќе достигнат 6-7 милијарди денари или околу 97 – 113 милиони евра. Овој кусок во приливите ви Буџетот е поради интервенциите на Владата со намалени акцизи и ДДВ да го амортизира порастот на малопродажните цени на нафтените деривати.

„Очекуваме до крајот на годината да бидеме пократки 6-7 милијарди денари во однос на тоа што сдме го планирале и затоа е можно да се случи да имаме уште еден ребаланс до крајот на годината“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при промоцијата на реновираниот студенстксиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.

Тој смета дека инфлацијата кај нас нема земено голем замав, и дека два месеци по ред, условно кажано, е контролирана и е под европскиот просек. Во јули беше 2,3 проценти, во август беше 2,6 проценти, наскоро ќе се знаат и податоците за септември.

„Сѐ што е во рангот на 2-3 проценти е во рамките на очекуваното. Но, она што претставува сериозен предизвик за сите нас е неизвесноста кога станува збор за испораките на нафта и нафтени деривати во светот, цената на берзите која што во моментот е актуелна за нафтата и нафтените деривати, мерките кои што ние ги имплементираме како влада за да го одржиме ниското ниво (на дериватите), најниско ниво во Европа на цените на горивата… Тоа нас ќе не чини како Буџет, според нашите пресметки, само по основ на акцизи некаде околу 5 милијарди денари, што за економија како нашата и буџет како нашиот е огромна жртва“, истакна Мицкоски додавајќи дека поради намаленот ДДВ, односно данокот на додадена вредност, таа бројка ќе биде уште поголема.

„Станува збор за 6-7 милијарди. Тоа се нашите проценки. Ја разгледуваме можноста да се направи ушет еден ребаланс, но она кое што претставува наш приоритет како Влада, е да го задржиме стандардот на граѓаните, да се контролира нискот ниво на инфлација, и нормално да ја задржиме најниската цена на горивата не само во регионот туку и во Европа“, рече Мицкоски појаснувајќи дека станува збор за проценки на годишно ниво, односно до крајот на годинава бидејќи, како што посочи, не се очекува брзо да биде завршена кризата во Заливот, иако денеска има одредено намалување на цента на берзите.

Инаку, со ребалансот на Буџетот за 2026 година, донесен кон крајот на јули годинава, вкупните приходи беа ревидираа на 379,5 милијарди денари, што претставува зголемување од 1,2 проценти во однос на иницијалниот Буџет, а вкупните расходи се ревидираа на 425,8 милијарди денари или повеќе за 2,8% од првичните проекции. Буџетскиот дефицит е проектиран на 46,3 милијарди денари или 4,1% од БДП, односно за 0,6 процентни поени повеќе во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година.

Според согледувањата на економисти, до средината на септември годинава, остварениот буџетски дефицит достигна 46,08 милијарди денари (приближно 749,24 милиони евра), со што практично го има исполнето речиси целиот годишен дефицит предвиден со ребалансот.

Економистите предупредуваат дека со ваквата динамика на брзо и неконтролирано трошење, реалниот дефицит до крајот на 2026 година би можел значително да ги надмине владините проекции доколку не се стабилизираат буџетските одливи.

Пред една недела, реагирајќи на информациите за потрошениот буџетски дефицит, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, од Њујорк, каде што беше на конференција организирана од Светскиот економски форум, порача дека до крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит.

„До крајот на годината не очекуваме позначајни промени и остануваме на проекцијата што ја имавме, особено имајќи предвид дека стапката на раст во вториот квартал е 4,3 проценти. И во однос на буџетскиот дефицит, она што ни е проектирано, тоа ќе остане, без оглед на тоа дали ние ќе правиме ребаланс или нема да правиме ребаланс. Доколку се одлучиме и правиме ребаланс на буџетот, во исто време ќе работиме на кратење и на приходната и на расходната страна. Доколку останеме на истата состојба како сега, дефицитот нема да оди надвор од предвиденото, во исто време и задолжувањето, бидејќи и тоа е дел од ребалансот“, истакна министерката за финансии во интервју за Македонската телевизија во Њујорк.

Податоците од Фискалниот бројач на интернет страницата на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со 29 септември во Буџетот биле релаизирани приходи од 259,3 миилијарди денари или 68,34 отсто од предвидените до крајот на годината, како и 299,69 милијарди денари расходи, или 70,39 отсто од предвидените.