Два шпански ловци Ф-18 активирани поради дрон во регионот на романско-украинската граница


Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија изминатата ноќ детектираше воздушна цел која се движела источно од градот Измаил во Украина, во близина на речната граница со Романија.

Два ловци Ф-18 на шпанските военовоздухопловни сили, кои извршуваат мисија за воздушна полиција, беа кренати во воздух за следење на ситуацијата, пренесе агенцијата Аџерпрес.

До населението во северниот дел на округот Тулча беше упатено предупредување преку системот „Ро-Алерт“ во 00:35 часот по локално време.

Не се регистрирани упади во романскиот воздушен простор. Воздушната опасност беше укината, соопшти Министерството за национална одбрана.