Без вода дел од корисниците од две улици во Центар


Фото Б. Грданоски

Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Владимир Полежиновски“ и „20 Октомври“ во Општина Центар.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник Ф-80 милиметри на улицата „Владимир Полежиновски“ бр. 17 и ќе трае до завршување на работните активности.