Промоција на книгата „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“ од академик Таки Фити
Книгата „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“ од академик Таки Фити денеска напладне ќе биде промовирана во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Станува збор за студија посветена на неолибералните економски модели кои доминираат во современиот свет, со анализа на факторите што придонеле за нивниот подем, причините за кризата на неолибералниот концепт и можните насоки за развој на поодржливи и поправедни економски системи.
Посебно место во книгата е посветено на македонскиот економски модел, неговите карактеристики и отстапувањата од практиките на развиените економии, како и на можните решенија за надминување на клучните развојни предизвици.
Настанот ќе го отвори академик Владо Камбовски, уредник на изданието, додека за содржината и главните пораки на книгата ќе говори професорот Владимир Филиповски од Економскиот факултет при УКИМ.