Русија го зголемува за 27 отсто воениот буџет за 2027 година


Русија планира да потроши 17,1 билиони рубљи (202,58 милијарди долари) за одбрана во 2027 година, околу 27 проценти повеќе од првично планираните 13,5 билиони рубљи и највисоко од почетокот на војната во Украина во 2022 година, јавија западни медиуми кои имале увид во документите. Вкупните трошоци за одбрана ќе изнесуваат 50 билиони рубљи во следните три години, според документите.

Во 2026 година, владата планираше да потроши 12,1 билиони рубљи за одбрана, но вистинската сума е тајна и нема да биде објавена. Дел од воените трошоци може да бидат во други делови од буџетот.

Документите, исто така, покажуваат дека владата ја зголемила својата проценка за буџетскиот дефицит за 2026 година на 3,2 проценти од бруто домашниот производ од претходно предвидените 1,6 проценти од БДП. Буџетските расходи во 2026 година ќе се зголемат за 13,2 проценти на 48,6 билиони рубљи или 20,9 проценти од БДП.

Се очекува владата да го достави нацрт-буџетот до парламентот до 1 октомври.

Минатата недела таа објави планови за нови зголемувања на даноците во 2027 година за финансирање на растечкиот дефицит.