Русија го стави имотот на германски Метро под привремена управа
Русија го стави имотот на германскиот трговски синџир „Метро АГ“ во таа држава под привремена администрација, беше објавено денеска во декрет на претседателот на Русија.
Таквата одлука дојде во време на зголемени тензии меѓу Москва и Берлин поради војната во Украина.
Во декретот не е наведена причина за преземање на контролата врз имотот на „Метро“ во Русија.