Британската полиција ослободи петмина осомничени за тероризам


Британската полиција ги ослободи со кауција петте мажи уапсени под сомнение за планирање терористички напад врз воздухопловната база на РАФ Ферфорд, што ја користи и американската војска.

Шефот на британската антитерористичка полиција, Лоренс Тејлор, изјави дека ослободувањето на осомничените не значи дека истрагата е завршена.

„Тие се уште се под истрага додека разгледуваме повеќе правци на истрага“, изјави Тејлор за новинарите, според Блумберг.

Според него, петмината осомничени, сите британски државјани, подлежат на строги услови во однос на нивното движење и контакти со други лица.

Тејлор рече дека истражителите ги разгледуваат сите можности, вклучително и дека осомничените можеби дејствувале како посредници или поединци кои, свесно или несвесно, работеле во интерес на странска држава.