Фудбалер на Манчестер Сити исфрлен од репрезентацијата
Фудбалерот на Манчестер Сити, Рајан Аит-Нури е исфрлен од редовите на својата репрезентација откако имаше инцидент за време на победата на неговата селекција во победата против Замбија со 3:1. Фудбалската федерација на Алжир потврди дека селекторот Брахим Хемдани донел одлука играчот да биде вратен во својот клуб Манчестер Сити, без објаснување.
Локалните медиуми се повикуваат дека проблемот е поради незадоволството на играчот што натпреварот од Купот на африканските нации го почнал на клупата. Во вториот дел во неколку наврати бил на загревање, но не добил шанса да влезе во игра бидејќи во еден момент одбил повторно да се загрева и имал вербален дуел со стручниот штаб.
Селекторот Хемдани потоа решил да го оддалечи од репрезентацијата.
Дополнителен проблем е тоа што Жауен Аџам, доби предност и постигна гол.