ООУ „Блаже Конески“ добива ново игралиште за кошарка и за одбојка


Во завршна фаза е изградбата на новото спортско игралиште од 360 м2 наменето за
кошарка и одбојка во рамките на ООУ „Блаже Конески“ во населба Мичурин.

Во моментов се изведуваат завршните работи за боење и уредување на спортската површина, изведена со современа трислојна лиена гумена подлога со висока издржливост, погодна за сите временски услови.

Материјалите што се вградуваат се безбедни за здравјето на корисниците и за животната средина, со што се создава уреден и сигурен простор за спорт, дружење и поттикнување на физичката активност и тимскиот дух.

Аеродром добива уште едно место повеќе за активни, здрави и среќни деца.