Утре без струја делови од Бутел, Гази Баба и Чаир


Фото: Б. Грданоски

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, утре, 28 септември, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.

Во Бутел, во периодот од 07:55 до 09:55 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Марко Крале“ и „Љубо Петровиќ“.

Во Гази Баба, прекин е најавен од 09:00 до 13:00 часот за корисниците на улица „840“ и дел од улицата „Благоја Стефковски“, односно улица „1“.

Во Чаир, од 10:10 до 12:10 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Вуковарска“ и „Струмичка“.

Прекинот во Чаир е поради планирани работи во трафостаницата „Чаир 18“, каде што ќе се врши чистење, дополнување масло во кабловските глави и подмачкување на раставувачите.