Две панди испратени од Кина во САД по самитот Ши Џинпинг-Доналд Трамп
Две панди се испратени од Ченгду во југозападна Кина рано утрово во нивниот нов дом во Атланта, САД, како дел од договорот меѓу владите на САД и Кина, а ова доаѓа веднаш по завршувањето на самитот меѓу двајцата претседатели во Вашингтон.
За време на тридневната државна посета на Вашингтон и разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Ши Џинпинг објави дека пандите ќе пристигнат во Атланта во наредните денови.
Позајмувањето панда од Кина на зоолошката градина во Атланта е еден од ретките конкретни резултати од таа државна посета, за време на која двајцата лидери изразија добра волја за соработка, но не објавија решенија за некои од долгогодишните несогласувања меѓу двете земји, јавија американски медиуми.
Атланта е без панди од 2024 година.
Пинг Пинг и Фу Шуанг се две возрасни панди кои ќе бидат позајмени во зоолошката градина во Атланта на 10 години.
Кина долго време ги користи пандите како дел од својата глобална дипломатија, испраќајќи ги преку програма за позајмица како гест на добра волја. Ги враќа назад ако тензиите се зголемат
Ши рече дека програмата за позајмување панди е пример за „кинеско-американско пријателство“.