Шестгодишно дете нападнато, соблечено и снимено со телефон во соблекувална во училиште во Кочани
Шест и полгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани.
Случајот на 24 септември во ОВР Кочани го пријавил 42-годишниот татко на детето. Според пријавеното, во настанот биле вклучени неколку малолетни деца, повозрасни од неговото дете.
„На 24.09.2026 во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете“, известија од МВР.
Известени се јавен обвинител и Центарот за социјална работа.