Прекин на водоснабдувањето во Маџари, во Хиподром и Трубарево намален притисок
Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од населба Маџари, а во Хиподром и Трубарево ќе имаат намален притисок, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 350 милиметри на улицата Маџари бб (Триангла), а ќе почне во 9:00 часот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на работите.