Одбојкарите на Словенија обезбедија ново полуфинале на ЕП
Одбојкарската репрезентација на Словенија успеа да се пласира во полуфиналето на Европското првенство откако попладнево во четвртфиналето ја победи Белгија со 3:1 во сетови (25:22;25:22; 20:25 и 25:13). Ова за Словенија е петтото полуфинале на европските првенства.
Првите два сета Словенија ги доби со 25:22 и дојде до водство од 2:0, но во третиот сет Белгија успеа да го добие сетот со 25:20 и да намали на 2:1. Во следниот сет Словенија ја потврди фаворитската улога и сетот го заврши со 25:13.
Во последното четвртфинале ќе играат Италија – Финска (почеток 21:05 часот).
Словенија во полуфиналето во петок ќе игра против европскиот првак Полска, додека Франција го очекува победникот од дуелот Италија – Финска.
Завршницата на Европското првенство полуфинале и финале се игра во Милано.