Малолетен внук ја натепал бабата во Берово и уште куп семејни насилства


Полицискиот билтен изобилува со тепачки и семејни насилства, а можеби најраматичен е случајот каде баба го пријавила својот 15-годишен внук кој ѝ нанесол повреди. 

Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 15-годишник од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 19.08.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата баба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Ј.(52) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.09.2026 во семејната куќа во Виница, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.

На 22.09.2026 во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.И.(56) од кумановско, затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 23.09.2026 во 02:05 часот во СВР Куманово, 37-годишна жена од Куманово пријави дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот партнер Л.И.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.М.(29) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 29.08.2026 во дворно место од семејната куќа во Кочани пријавениот упатувал закани на негови роднини.

.

На 22.09.2026 во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода В.Р.(22) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 57-годишен татко дека физички го нападнал во неговиот дом, при што употребил тврд предмет. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 22.09.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријави дека на 20.09.2026 во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер Ф.Д.С.M.(35) од Франција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.09.2026 во 16:05 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица Охрид од слобода го лишија О.В.(49) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел телесни повреди. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.