Утре ветар, од петок дожд


Фото: Б. Грданоски

Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²).

Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури, прогнозира УХМР.

Утрe наутро ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.