Мистерија околу тешките повреди на 35-годишен штипјанец: Паднал од кревет или бил нападнат од болничар


Фото: Б. Грданоски

35-годишен штипјанец бил пренесен со тешки повреди на скопските клини, а причините, според самиот пациент и неговиот татко се различни. Повредениот рекол река бил нападнат од болничар, а на таткото му било кажано дека син му паднал од кревет. 

– На 21.09.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Р.Ј.(35) од Штип. Таткото на повредениот пријавил дека на 16.09.2026 од Јавна здравствена установа во гевгелиско, каде што се лекувал, бил известен дека неговиот син паднал од кревет и се повредил. Додека, пак, повредениот пријавил дека во установата бил физички нападнат од болничар, соопштуваат од МВР за случајот. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.