Јубилејна 25-годишна конференција на Македонска берза


Македонска берза ја организира својата јубилејната 25-та годишна конференција, која ќе се одржи од денеска до 23 септември во Охрид.

-Годишната конференција на Македонската берза е еден од најзначајните финансиски настани во нашата земја и претставува платформа за поврзување, размена на знаења и искуства, како и дискусии за актуелните случувања на пазарот на капитал во Македонија и во регионот, велат од Берзата.

На минатогодишната конференција учествувале околу 30 говорници и панелисти, а присуствувале повеќе од 240 учесници.

-За оваа година подготвивме разновидна програма со говорници и теми од кои ќе научите многу и кои сигурно ќе поттикнат квалитетни дискусии како развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот и развојот на компаниите, алтернативни извори на финансирање, анализа на меѓународните искуства и најдобрите практики, банкарство, инвестирање и финансиски институции, дигитална трансформација, вештачка интелигенција и нови финансиски технологии, информираат од Македонска берза.