Светскиот ден на Вранецот 2026 на 5 октомври во КИЦ во Скопје
На 5 октомври 2026 година, во Културно Информативен Центар – Скопје, ќе се одржи осмото издание на Светскиот ден на Вранецот 2026 (Vranec World Day), настан посветен на една од најзначајните и најпрепознатливи вински сорти на Балканот, Вранец.
Во организација на Здружението „Вина од Македонија“, Vranec World Day и оваа година ќе ги обедини домашните винарии, винските професионалци, експертите, новинарите, претставниците на винската и бизнис заедницата, како и љубителите на виното.
Целта на настанот е да се продолжи меѓународната промоција на Вранецот и неговото позиционирање како автентична регионална сорта со силен идентитет, потенцијал и значење за развојот на винската индустрија и винскиот туризам.
Во рамки на Vranec World Day 2026 ќе бидат претставени селекција на вина од Вранец од домашни винарии, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни стилови и интерпретации на сортата и подобро да се запознаат со нејзиниот карактер и потенцијал.
Во изминатите години, Vranec World Day прерасна во препознатлива платформа за промоција на Вранецот и македонското вино пред домашната и меѓународната јавност, со цел создавање поголема видливост и препознатливост на сортата на странските пазари.
Повеќе информации за програмата, учесниците и деталите за настанот ќе бидат објавени дополнително.
Можете да купите карти на следниот линк:
https://www.vranecworldday.com/ticket/vranec-world-day-2026/