Општина Аеродром си најде решение за зеленилото – упати повик до заедниците на станари да го уредуваат
Убавите примери треба да се истакнуваат и да се следат, вака почнува денешната објава од Општина Аеродорм, лиферувана по социјалните мрежи, откако неколку дена претходно, беа објавени фотографии од зеленото парче пред „Владимир Комаров “ бр.40 и на која аплаудираа сите кои ја видоа.
Имено, неколку станари се собрале и заедно го уредиле паркчето пред нивната зграда, редовно го полеваат, садат цвеќиња, дрвца, а поставиле и летниковец, клупи и друго…

Навистина добро изгледа!
Откако објавата беше избришана, а потоа под притисок, повторно објавена, административците од Општина Аеродорм, се инспирирале и сега ги охрабруваат сите станари на згради во Аеродорм, да го прават токму тоа.
„Станарите кои со сопствена иницијатива, труд и грижа го уредуваат и одржуваат зеленилото околу својата станбена зграда покажуваат дека заедничката грижа за просторот во кој живееме може да создаде вистинска зелена оаза.
Во таа насока, општина Аеродром упатува повик до заедниците на сопственици, станарите и управителите на станбените згради да ги почитуваат и применуваат одредбите од Законот за урбано зеленило и активно да се вклучат во грижата, уредувањето и редовното одржување на зелените површини околу своите објекти. Законот предвидува дека одржувањето на „останатото зеленило“ е во надлежност на неговите сопственици или корисници.
Косење и одржување на тревниците, садење цвеќе и соодветна декоративна вегетација, грижа за постојното зеленило и одржување на чиста и уредна околина се активности со кои секоја станбена заедница може да придонесе за поубаво, позелено и попријатно место за живеење.
Заедниците на сопственици и управителите кои сакаат да преземат иницијатива за хортикултурно уредување на зелените површини околу своите станбени згради, потребно е претходно да се обратат до Секторот за инспекциски работи на Општина Аеродром. По разгледување на конкретната состојба и статусот на површината, ќе добијат соодветно известување за можностите и условите за постапување согласно Законот за урбано зеленило.
За зеленилото се грижиме заедно.
Уреден двор.
Уредна населба.
Поубав Аеродром.“, се порачува во повикот на Општина Аердром.
Сѐ би било во ред, доколку општината успееше во овие два месеци по невремето да ги отстрани сите паднати, навалени и оштетени дрвја од зелените површини, доколку и без невремето успееше да ги отстрани сите исушени дрвја, сите пријавени дрвја, а се пријавени токму од тие луѓе од кои сега бараат да ги одржуваат зелените површини пред нивните згради!
Утрово, нешто порано од оваа објава, на истата Фејсбук страна излезе и ваква објава:

На друга страна, пред 11 часа има и ваква објава:

Ако на овие две Фејсбук групи скролнете надолу ќе ги видите вистинските состојби во Аердором, и тоа само во неколку дена, подалеку – не морате!
Забележувате дека се дијаметрално различни од оние кои секојдневно ги објавува официјалната страница на Општина Аеродром, каде луѓе, ретко кој во униформа и заштитна облека или пак со соодветен алат и канти метат, собираат гранки, лисје, ја косат тревата – зелена, како што е само единствено во паркот „Авионче“ и речиси никаде на друго место во Аеродром, освен можеби во паркот „Нирнберг“ каде самото земјиште е мочурливо.


Можеби најдраматична снимка што денеска се појави на овие мрежи и Фејсбук страници е видеото каде глутница кучиња лаат и се прпелкаат во земјата на едно делче што треба да биде зелено кај ООУ „Блаже Конески“. Очекуваме Општината во соработка со ЈП „Лајка“ и со помош на здруженијата за заштита на животни да ги отстранат куќињава од оваа, а и од сите други локации низ Аеродром.(Б.Б.)
