Од робот до четбот: Дискусија на „Букстар 2026“ за ерата што доаѓа
Што се случува со човекот, јазикот и книжевноста во време кога машините не само што извршуваат задачи, туку разговараат со нас, создаваат текстови и сè почесто влегуваат во просторот на литературата што го сметавме за исклучиво човечки?
Во разговор со некои од најзначајните современи македонски писатели ќе отвориме прашања за вештачката интелигенција, технологијата и иднината што веќе започна.
![]()
Дали „четботовите“ се само нови алатки или навестување на длабока промена во начинот на кој мислиме, пишуваме и комуницираме? И што останува неповторливо човечко во ерата на алгоритмите?
Разговор со авторите Ненад Јолдески, Валентин Нешовски, Соња Станковска, Александар Русјаков и Влада Урошевиќ
Модератор: Фросина Пармаковска
28 септември, 18.30 – Лабораториум
https://bookstar.mk/
#Министерствозакултура #komercijalnabanka #laboratorium #антологџии