Скопјанец снимал со дрон во Аеродром без да има соодветна дозвола, па бил приведен


Скопјанец бил приведен синоќа поради неовластено снимање со дрон.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 21:00 часот на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.А.(34) од Скопје, поради неовластено снимање со дрон без соодветна дозвола.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.