Скопје и Нова Горица ќе соработуваат за Европска престолнина на културата 2028


Скопје ја зајакнува својата поврзаност со европското семејство на културата, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по потпишувањето на Договорот за соработка меѓу Нова Горица – Горица 2025 и Фондацијата Скопје 2028, со кој се отвораат нови можности за нашите уметници, културни институции, независната сцена и младите.
 
– Со ова партнерство создаваме основа за заеднички културни проекти, поврзување на фестивали, размена на знаења и искуства и подготовка на заеднички апликации за европски фондови. Искуството на GO!2025 е особено значајно за подготовките на Скопје за титулата Европска престолнина на културата во 2028 година. 🫡 Како градоначалник, се залагам меѓународната соработка да донесе конкретни придобивки за нашите граѓани, како повеќе можности за творештво, поголема видливост на нашата култура и партнерства што ќе продолжат и по 2028 година – вели Ѓорѓиевски.
 
Тој изрази благодраност до градоначалникот на Нова Горица Само Турел, директорката на GO!2025, Мија Лорбек, и тимот на Фондацијата „Скопје 2028“, предводен од Марјан Цветковски, за заедничката посветеност.