Малолетници нападнати и ограбени во Горно Лисиче


Фото: Б. Грданоски

Синоќа околу 22:20 часот во СВР Скопје, Д.Б.(49) од Скопје пријавил дека во населба Горно Лисиче, неговиот малолетен син и негови другари биле нападнати од неколку други малолетници.

Како што се наведува во полицискиот билтен, при нападот, еден од нив, кој го познавале, со употреба на остар предмет од неговиот син одзел чанта со паричник, мобилен телефон и други предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.