Рама ја нарече срамна пресудата за Тачи и водачите на ОВК


Еди Рама е на власт во Албанија од 2013 година

Во непосредна реакција на пресудата, албанскиот премиер Еди Рама објави слика на Facebook на која се гледа бодликава жица преку карта на Европа и порака од еден збор: „Marre“ („Срам“). Рама во повеќе наврати го критикуваше судењето како неправедно.

Screenshot

Поддржувачите на обвинетите, кои отпатуваа во Хаг за изрекувањето на пресудата и го следеа преносот во живо во јавен парк, бурно реагираа кога беа објавени осудителните пресуди. Накратко дојде до судир со холандската полиција, која употреби солзавец и палки во обид да ги смири дел од поддржувачите на ОВК.