Street Food Picnic по вторпат во Центар!


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информираше дека Street Food Picnic ќе се одржи по вторпат во Центар.

„Лани си поминавме одлично, годинава продолжуваме уште подобро. На 18, 19 и 20 септември повторно се собираме во Паркот на Франкофонија. Ќе има добра храна, музика, детски работилници и доволно причини да останеме малку подолго во парк“, вели Герасимовски.

Тој ги повика граѓаните да дојдат со децата, со пријателите и со цело друштво.

„Да каснеме нешто убаво, да се дружиме и да уживаме во уште еден септемвриски викенд во Центар“, додаде градоначалникот.

Локација: Парк на Франкофонија

Петок, 18 септември: 17:00 – 00:00 часот;
Сабота, 19 септември: 12:00 – 00:00 часот;
Недела, 20 септември: 12:00 – 00:00 часот.