Македонскиот Центар за климатски промени организира „Соларен саем Битола“


Фото: Б. Грданоски

Центарот за климатски промени ќе одржи „Соларен саем Битола“ со цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори преку информативни и интерактивни активности.

На плоштадот „Магнолија“ , битолчани, претпладнево ќе можат да се информираат за фотонапонски системи, придобивките од користење соларна енергија, како и концептот на просумер.

Организаторите ќе постават штандови од компании и организации од секторот,  и ќе приредат интерактивни демонстрации и едукативни активности за деца.