Врвни пинг-понг имиња од Кина беа гости во Скопје


Македонскиот олимписки комитет, заедно со Амбасадата на Република Кина во нашата држава, Шангајскиот универзитет за спорт, Кинескиот колеџ за пинг-понг и неговиот европски огранок, како и Пинг-понг федерацијата, беа дел од посебен настан со две големи имиња од светот на пинг-понгот – легендарната олимписка шампионка Џанг Јининг и светскиот првак Јан Сен, потпретседател на Кинескиот колеџ за пинг-понг.

На овој настап уште еднаш беше потенцирана големината на спортот односно дека спортот поврзува, а пинг-понгот со децении гради мостови меѓу народите.

Над 1.000 млади активно тренираат пинг-понг во нашата држава, што е силен показател за интересот, ентузијазмот и потенцијалот што го има овој спорт кај нас, особено кога има гости од најсилната држава во овој спорт.

Овој настан добива дополнително значење во годината кога се одбележуваат 55 години од „пинг-понг дипломатијата“ – историски пример за тоа како спортот може да отвора врати, да создава пријателства и да ги поврзува луѓето и културите.

Од Македонскиот Олимписки комитет упатија благодарност до Кинеската амбасада за посветеноста кон развојот на младинскиот спорт, подобрување на условите за тренинг и создавање можности младите спортисти да го достигнат својот потенцијал и да постигнуваат резултати на светско ниво.