Натпреварите во Холандија ќе бидат прекинати при користење пиротехника
Фудбалските натпревари во Холандија ќе бидат прекинати во случај навивачите на трибините да употребат пиротехнички средства.
Оваа одлука е донесена на денешниот заедничкиот состанок на претставници на Холандската фудбалска асоцијација (KNVB), јавното обвинителство и министерот за безбедност.
Одлуката доаѓа по инцидентите што минатиот месец се случија на прволигашкиот дуел меѓу Камбур и Феенорд на кој гостинските навивачи фрлија пиротехнички средства за време на натпреварот, при што беа повредени неколку гледачи кои претрпеа изгореници, повреди на очите и оштетување на слухот.
„Отсега па натаму, правилото е јасно: доколку се користи пиротехника, натпреварот веднаш завршува и сите на стадионот можат да си одат дома“, изјави холандскиот министер за безбедност Давид ван Вил.