Убедливи победи на Баерн и Манчестер Јунајтед на стартот од ЛШ


Со натпреварите одиграни синоќа беше комплетирано првото коло од новата сезона од Лигата на шампионите, а белег оставија Баерн и Манчестер Јунајтед со убедливи победи без примен гол. Во Минхен Баерн со 5:0 го победи Бодо/Глимт, а головите ги постигнаа Мајкл Олисе два и по еден Џамал Мусиала, Алфонсо Дејвис и Хари Кејн.

Повратникот во Лигата на шампионите Манчестер Јунајтед го победи првакот на Азербејџан Сабах со 4:0, а сите четири гола ги постигнаа различни фудбалери: Матеус Куња, Бруно Фернандеш, Бенџамин Шешко и Лисандро Мартинез.

На другите натпревари синоќа беа постигнати следниве резултати: Славија Прага – Ленс 2:3, Комо – Лајпциг 4:1, Фенербахче – Рома 1:1 и ПСВ – Шахтјор 1:1.

Натпреварите од второто коло се играат на 13 и 14.октомври.