Трамп ги одбил барањата на Саудиска Арабија за напади врз Хутите, објави „Аксиос“
Саудискиот престолонаследник, принц Мохамед бин Салман, синоќа двапати му се јавил на американскиот претседател Доналд Трамп и побарал од него да нареди напади врз јеменските бунтовници Хути, објави „Аксиос“, повикувајќи се на двајца американски владини претставници.
Трамп го отфрлил барањето, изјавиле тие, додавајќи дека Белата куќа во моментов нема намера да презема директни воени дејствија против Хутите.