Одложено судењето за „Лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами


 

Согласно законските рокови, обвинетиот има право на осум дена за увид во обвинителниот предлог и доказниот материјал, поради што се отповикани рочиштата закажани за 11 и 16 септември.Продолжението на судскиот процес е закажано за 18 септември во 12 часот, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Бајрами утрово беше лишен од слобода на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје. Против него се води постапка во предметот поврзан со Државната лотарија.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно соопшти дека покрај овој предмет, против Бајрами се водат уште четири постапки за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.