СДСМ пресмета дека прославата на независноста ќе чини 5 милиони евра


СДСМ сметса дека власта го извалкала дури  и Денот на независноста . 

„Организатор на настан по повод 35 година од независноста, платен со пари на граѓаните, се однесува дрско кон новинари и кон јавноста и не одговара на тоа колку народни пари ќе се потрошат. Тоа е за секоја осуда“, порачува СДСМ по упорното одбивање на организаторите да соопштат колку пари ќе се потрошат за прославата. 

„Граѓаните имаат целосно право да знаат, новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања. А Влада на Мицкоски наместо ароганција има обврска да им каже колку пари ги чини прославата по повод 35 години од независноста.

Настапот на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра. Само за него. Ако на тоа се додадат бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери и така натаму сумата значително се зголемува. Со сите активности и настани по некои проценки вкупната сума достигнува до 5 милиони евра. Прашањето е како е донесена одлуката да се потрошат над 5 милион евра?

Авалон фирмата којашто ја најавува владата е со блокирана сметка и на листата на должници на УЈП. Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер? Јавноста и граѓаните очекуваат одговори.За жал сето ова, дрскоска, навредите кон граѓаните и кон новинарите се одлика на оваа влада и нивниот однос кон народот.Влада која својот народ го нарекува талог вака се однесува“, реагира СДСМ.