(Галерија) Аеродромот во Охрид претворен во мал музеј – го красат реплики на мозаиците и фреските од Плаошник и Света Софија


Солна симболика е употребена во украсувањето на просториите и ѕидовите при реконструкцијата на охридксиот аеродром „Св. Апостол Павле“. 

Мозаиците, реплики на оние кои се најдени на Плаошник, како и реплика на фреска од црквата Света СОфија од Охрид, го прават престојот во аеродромот мал музеј, кој ќе ги претставува убавините на Македонија, уште при пристигувањето.

Заменик-претседателот Александар Николоски рече дека реконструкцијата на аеродомрот има своја симболика. 

„Прво, симболиката која што ја има реконструкцијата на аеродромот. Второ, едни прекрасни мозаици коишто ве поканувам сите да ги видите, коишто се реплика на мозаиците кои што се наоѓаат низ стариот град на Охрид, низ Варош, но главно се наоѓаат кај Плаошник и навистина се прекрасно реставрирани. Сакам да се заблагодарам на сите коишто работеа, на сите институции од културата и на сите оние коишто работеа на реставрација. И третата работа, имаме една прекрасна реплика на фреските од катедралната црква Св.Софија, така што овој аеродром покрај аеродром е и еден мал музеј којшто го претставува регионот и се надевам дека сите коишто ќе патуваат оттука ќе уживаат”, додаде Николоски.

Инвестицијата на „ТАВ Македонија“ за модернизираниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, изнесува од 2,7 милиони евра, а со неа доби реконструиран патнички терминал, зголемен број  шалтери, проширен чек-ин простор, зони за безбедносна контрола и рачен багаж, реорганизиран паркинг, современа опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците.(Б.Б.)