Модриќ ќе продолжи да настапува за хрватската репрезентација
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ ќе ја продолжи репрезентативна кариера. Ова денеска го објави Хрватскиот фудбалски сојуз на социјалните мрежи. Тој по Светското превенство најави дека одлуката за крај на репрезентативната кариера ќе ја објави пред почетокот на новиот циклус репрезентативни активност.
Од оваа негова одлука секако најзадоволен е новиот хрватски селектор Славен Билиќ.
– Секако дека ме радува оваа одлука, сите знаеме што тој значи за Хрватска и на терен и надвор од него. Посебна чест е што по 14 години повторно ќе работиме заедно, порача Билиќ.
Хрватскиот селектор во понеделник ќе го објави списокот на играчи за претстојните дуели против Чешка и Шпанија на гости и на домашен терен со Англија во Риека и со Шпанија во Сплит. Ова се натпревари од групата од Лигата на Нациите.
Модриќ за Хрватска има одиграно 202 натпревара, дебитирал во 2006 година, а со Хрватска има освоени медали сребро на СП 2018 и бронза на СП 2022, како и сребро во Лига на Нациите 2023. Тој има постигнато 29 голови во националната репрезентација. Во моментов Модриќ е фудбалер на Милано.