Францускиот институт во Скопје ја отвора есенската културна сезона со изложбата „ Француски траги – лична историја на гледањето“ на Ѓорѓе Јовановиќ


Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на отворање на изложбата „Француски траги – Лична историја на гледањето“ на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, во среда, 9 септември 2026 година, од 17 до 18 часот, која ќе биде поставена во излогот на Францускиот институт во Скопје.

Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанчевски, куратор во МСУ – Скопје.

„Француски траги – Лична историја на гледањето“ претставува лична мапа на сеќавања, влијанија и творечки референци на Ѓорѓе Јовановиќ. Изложбата не се обидува да понуди преглед на француската уметност, ниту да ги реконструира или репродуцира делата на авторите што се појавуваат во неа. Наместо тоа, таа ги открива личните траги што француски уметници, поети, музичари, филмски режисери и мислители ги оставиле врз уметникот и врз неговиот начин на гледање и разбирање на светот.

*

Ден по отворањето на изложбата, во четврток, 10 септември, Францускиот институт организира целодневна програма посветена на новата културна сезона и почетокот на новата училишна година, во рамките на Ден на отворени врати, нудејќи разновидна програма за различни возрасти и активности посветени на францускиот јазик и културата. Посетителите ќе имаат можност да ги запознаат со активностите на Францускиот институт, да се сретнат со уметници и партнери и да дознаат повеќе за можностите за учење француски јазик и престој во Франција.