„Фолксваген“ планира да укине уште 50.000 работни места
„Фолксваген“ планира да укине уште 50.000 работни места во наредните години за да ги намали трошоците, соопшти германскиот производител на автомобили во четврток вечерта.
„Фолксваген“ го опиша намалувањето на глобалниот капацитет на персоналот како неопходно за постигнување на целите на својата програма за трансформација. Иднината на четири фабрики е неизвесна, додаде компанијата.
За локациите во Емден, Цвикау, Хановер и Некарсулм, профитабилното континуирано користење од 2031 до 2034 година не може да се гарантира. „Алтернативните употреби се испитуваат паралелно и како дополнителна мерка“ за овие фабрики, соопшти компанијата.
Концепт за одржлива и конкурентна производствена структура за европските фабрики, кој е компатибилен со целокупната визија, треба да се развие до крајот на јуни 2027 година.
„Планот за иднината создава услови за групацијата Фолксваген и нејзините брендови да станат поспособни, поконкурентни и ориентирани кон иднината“, се вели во соопштението на компанијата.
„Според мислењето на менаџментот и надзорниот одбор, спроведувањето на планот е апсолутно неопходно за одржување на конкурентноста на групацијата „Фолксваген“, се додава во него.
По интензивни и конструктивни дискусии, Надзорниот одбор „едногласно го одобри“ сеопфатниот План за иднината 2030 на групацијата „Фолксваген“.