Франција го доживеа најтоплото лето некогаш забележано


Летото 2026 година ќе влезе во историјата на Франција како најтоплото некогаш забележано во земјата, изјави денеска министерката за еколошка транзиција, Моник Барбу.

Овогодишното лето во Франција беше одбележано со топлотни бранови, суши и огромни пожари, пренесе „Фигаро“.

– Доживеавме најтопло лето од почетокот на мерењата во 1900 година – рече министерката во седиштето на службата „Метео-Франс“, во близина на Париз, за време на презентацијата на извештајот за летните климатски прилики, кои за метеоролозите го опфаќаат периодот од јуни до август.

Барбу истовремено ги повика сите да одговорат на предизвикот на климатските промени.

– Прашањето што сега мора да си го поставиме е како ова лето ќе остане запаметено. Како прво во долгата низа лета кои ќе продолжат да соборуваат рекорди, или како момент кој ни овозможи да се справиме со предизвиците на приспособувањето и ублажувањето, односно намалувањето на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина – истакна француската министерка.