Skip to content
18/09/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

ФОД: Депозитите сигурни, граѓаните имаат доверба и не се очекува повлекување на парите

20/10/2019 09:10

Граѓаните во банките чуваат 4,5 милијарди евра. Депозитите се безбедни и сигурни, порачуваат од Фондот за осигурување депозити и оценуваат дека граѓаните имаат доверба и ги чуваат парите во банките и покрај намалување на каматните стапки. Доколку почне оданочување на каматите на депозитите, од Фондот не сметаат дека тоа би влијаело на повлекување на парите од банките.

– Граѓаните имаат доверба во нашата институција, бидејќи од нејзиното формирање во 1997 година до денес секогаш навремено и во согласност со законските прописи биле обесштетени во случај на настанување ризичен настан, т. е. затворање на банка или штедилница. Довербата што граѓаните ја имаат во Фондот може да се види и преку постојаниот раст на депозитите на населението. Имено, граѓаните и покрај намалувањето на каматните стапки на штедењето се одлучуваат своите пари да ги чуваат во банките или штедилниците, каде што се безбедни и сигурни бидејќи се осигуруваат преку ФОД. Оттука, сметаме дека предложеното оданочување на каматите на депозитите нема воопшто да влијае врз повлекување на депозитите од банките, бидејќи тоа би значело и губење на нивната сигурност и приход врз основа на камата, истакнуваат од Фондот за осигурување на депозитите.

Оценуваат дека банкарскиот систем во земјава е стабилен, а депозитите на граѓаните редовно и без никакви проблеми се осигуруваат во Фондот за осигурување на депозитите во согласност со месечните пресметки на премиите за осигурување.

– Фондот за осигурување на депозитите постои заради осигурување на депозитите во денари и девизни средства, вклучувајќи ја и каматата на физичките лица кои се чуваат во банките, филијалите на странски банки и штедилниците во Република Северна Македонија. Во согласност со Законот за ФОД, секој депонент има право на обесштетување на износ до 30.000 евра во денарска противвредност по банка, филијала на странска банка или штедилница, објаснуваат од Фондот.

Според нивните податоци, депозитите на населението во септември годинава изнесуваат 273,9 милијарди денари или 4,5 милијарди евра и бележат раст од 8,8 отсто во однос на септември минатата година.

Повеќе од половина или 51,8 отсто се во денари, 48,2 отсто се девизни депозити. По видување се 51,1 отсто, а орочени депозити се 58,9 отсто.

Оданочувањето на каматите треба да почне од јануари следната година. Законското решение предвидува да се оданочуваат со 15 отсто доколку сумата надмине 15 илјади денари.  Банкарите бараат тоа да се одложи и да се применува кога ќе влеземе во ЕУ, бидејќи сметаат оти може да се случи граѓаните да почнат да ги повлекуваат парите од банките, додека најавите од министерката за финансии Нина Ангеловска беа дека се разгледува можноста и оти има волја.

 

 

 

 

2019-10-20 08:13:15, од Сузи Котева-Стоименова

ReplyForward


Поврзани содржини

Стапката на дополнителен капитал кои банките го чуваат за да се заштитат од ризици останува 2 отсто
18/09/2026 15:09
За осум месеци годинава во Буџетот прибрани 230,6 милијарди денари, а потрошени 268,9 милијарди денари
18/09/2026 15:09
Пругата од Бељаковце до Крива Паланка до сега е со реализација од 40 отсто, до крајот на годинава треба да стигне до 50 проценти
18/09/2026 13:09
Берни Сандерс предлага 4-дневна работна недела без намалување на платите
18/09/2026 12:09

Влегуваме во нова ера во која купуваат потрошувачите, компаниите и АИ-агентите: Порака од регионалниот форум на Виза во Белград
18/09/2026 10:09
Рекордна цена на дизелот во Германија – 2,5 евра
18/09/2026 10:09
„Амазон веб сервисис“ ќе го закупи мега дата-центарот што ќе се гради кај Кожани во Грција
18/09/2026 10:09
Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита, сертификација и промоција
18/09/2026 10:09

Најчитани


  • Хашим Тачи осуден на казна затвор од 25 години за воени злосторства
    16/09/2026 11:41
  • Кушнер вели дека главна пречка за крај на војната е што Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија
    13/09/2026 11:42
  • Хрватска го блокира патот на Црна Гора кон членство во ЕУ
    15/09/2026 13:21
  • Погледнете ја реакцијата на Албанците на пресудата за Тачи: Камерите го забележаа моментот по одлуката на судот
    16/09/2026 12:05
  • Како рикна „Најк“
    14/09/2026 12:09
  • Со арматурни кафези тешки по 30 тони се стабилизира земјиштето на трасата на автопатот Кичево – Охрид кај Ботун
    17/09/2026 14:26

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење