Skip to content
18/11/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Корубин: Талентот треба да се цени и негува, а уметникот да се натпреварува со себе

16/10/2019 12:53

Академскиот сликар Рубенс Корубин, кој 27 години беше професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, денеска повторно имаше средба со студенти на која зборуваше за своето творештво. Средбата се одржа во Чифте амам каде што од 8 октомври е отворена изложба со негови дела, насловена „Ателје, радоста на сликањето“. Таа е ретроспектива со која уметникот годинава одбележува два јубилеја –  70 години живот и 45 години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.

Изложбата е организирана од Националната галерија и претставува 80-ина дела настанати во различни периоди и изработени во различни техники (акрилик, масло на платно, комбинирана техника…)

Корубин рече дека има три пораки за студентите гости на средбата кои го избрале сликарството за своја животна преокупација.

– Прво, да се ценат себеси и својот талент, тоа е сепак еден дар од природата и не е за отфрлање. Второ, да бидат постојани, талентот мора да се негува исто како што на едно цвеќе му давате вода и сонце, и трето – да учат цел живот, изјави Корубин.

Натпревар со самиот себеси, рече, е она што го следело цело време.

– Можеби имало и некои промени, не толку радикални, но никогаш не сум бегал од себеси и своите лични потреби. Едноставно, сметав дека морам да се следам себеси. И во тој контекст го развивам својот медиум, додаде Корубин.

Тоа им го кажа и на студентите кои го прашаа што е за него уметноста: „Чувство, мисла, емоционална интелигенција, кога човекот не се натпреварува со природата, туку со самиот себе“.

За сликарството рече дека е независна работа што му дава многу слобода, а визуелната меморија и перцепција ја развил од детството зашто, како што рече, припаѓа на генерација која растела без телевизија и светот го препознавал најмногу преку стрипот: „Стрипот беше сѐ – географија, историја, личности – познати и измислени, авантура…“. Тоа му ја поттикнувало фантазијата да црта, па подоцна не се разделувал од блокчето за скици, а на патување со себе секогаш носи кутија со бои.

Изложбата содржи дела од неговата колекција, некои создадени уште од 1975, една година по дипломирањето, како и десетина цртежи, штафелај на кој слика, а во една просторија во галеријата е претставено и неговото ателје.

Имал желба да го прикаже својот работен простор во кој поминува најмногу време, каде што прави креација од структурата, светлината и личните моменти. Во ателјето заборава на сѐ, рече, и има чувство на лична трансформација.

– Таму станувам друг човек, им рече Корубин на младите слушатели.

Тој потекнува од уметничко семејство. Негови колеги велат дека  талентот го наследил од татко му, Миле Корубин, познат сликар од повоената генерација македонски уметници, а дека со името Рубенс од раѓање му бил зацртан успехот на голем уметник.

На средбата со сликарот присуствуваа студенти од ФЛУ, Американ колеџ и од Европскиот универзитет, како и средношколци од училиштето за ликовна уметност.

Изложбата во Чифте амам може да се посети до 31 октомври. Националната галерија објави и каталог подготвен од историчарот на уметноста Кирил Пенушлиски и покрај репродукции од делата на изложбата содржи и разговор со уметникот. 

ReplyForward

 


Поврзани содржини

Заборавен од државата ама ценет од странските археолози: Меѓународна конференција за Кокино во Куманово
18/11/2026 14:11
Вечерва се отвора 51.МОТ со словенечката претстава „Кратки приказни“
18/11/2026 13:11
Дали титулата европска престолнина може да го смени Скопје: Што нуди програмата за 2028?
18/11/2026 11:11
Во Софија ќе биде промовирано бугарското издание на „Одбројување“ од Фросина Пармаковска
18/11/2026 11:11

Виктор Спасески ја претставува Македонија на претстојниот Европски шампионат во слем-поезија
18/11/2026 10:11
Изложба посветена на поетесата Светлана Христова-Јоциќ во Скопје – донација на лични предмети
18/11/2026 10:11
Денови на македонска книжевност во Истанбул
18/11/2026 09:11
Во ДПМ одбележување на 40-годишнината од објавувањето на „Пронајден облик“ на Раде Силјан
18/11/2026 09:11

Најчитани


  • Мира Марковиќ ќе биде кандидатка за претседател на Франција, номинирана од Анималистичката партија
    14/11/2026 22:09
  • Мицкоски отвори пресметка и со Кире Наумов за случувања пред 10 години
    13/11/2026 15:42
  • Обвинителството во Србија му забрани на газдата на Алта банка, Давор Мацура, да располага со имотот
    11/11/2026 23:07
  • „Имам голем проблем да барам од вас да го смените Уставот“: Сиљановска до пратениците
    17/11/2026 15:23
  • Врне на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, но мириса на јаболка, вино, ориз…
    14/11/2026 13:25
  • Парите од Алта банка Србија исчезнале од финансискиот систем
    14/11/2026 17:32

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење