Јанаки Митровски за убиството во Охрид: Македонија е полна со лажни верници


Познатиот адвокат Јанаки Митровски излезе со став за убиството што ја потресе викендов Македонија, а се случи во Охрид каде Жарко Гроздановски од Брвеница е уапсен под сомнение дека го убил 76-годишниот охриѓанец Климе Митрески.Она што дополнително ја шокираше јавноста е податокот дека убиецот се декларирал како лидер на група наречена „Христијанско братство“, а мотив за убиството е што жртвата, 76-годишниот охриѓанец Климе Митрески, се обидел да го раскине договорот за доживотна издршка со Жарко.

Адвокатотот Митровски потсетува дека за убиство од користољубие е предвидена и казна доживотен затвор, која казна, како што рече, се надева ќе ја добие осомничениот кој наводно го сторил делото, доколку се докаже истото!

– Во посебни поткасти Основано сомнение со двајца верски авторитети, отец и оџа, сите се согласивме дека Македонија, за жал, е преполна со лажни, декларативни верници и кај нас верата повеќе се користи за маркирање територија, разграничување од, и мразење на “другиот” отколку што се живее по верски начела и принципи. Последен пример е уапсениот лидер на Христијанско братство, демек патриотска и православна групација, вели адвокатото Митревски.

– Наводно, господин Жарко, прво склучил договор за доживотна издршка со 76 годишен старец, кој по смртта ќе му оставел имот вреден милион евра, за потоа бидејки не му се чекало, наводно го убил. Претходно го имавме примерот со Палчо, комуњар и транзициски богаташ, пресоблечен во турбо патриот, кој патем му бил и идол на Жарко. Најлесна “идеологија” за регрутирање е национализмот/шовинизмот. Не ви е потребна политика, економска рамка, национален став, НИШТО! Сакај ја декларативно македонската/албанската нација, мрази “каури и шиптари”, веј сонце од Кутлеш и двоглав орел и тоа е тоа! – сподели познатиот адвокат во својот фејсбук став, потенцирајќи дека дека погорните примери се отпадок, а не пример за православци и родољуби.

– Убиваат од користољубие забога, притоа им е гајле за Божјиѕе заповеди – Не убивај, Не кради, Не посакувај ништо туѓо! – поентира Митровски.