Африка ќе гради мост од 50 км – најдолг на континентот


Танзанија планира да го изгради најдолгиот мост во Африка, долг 50 километри, кој ќе го поврзува копното со Занзибарските острови, за да го олесни движењето на луѓето и трговијата.

Заменик-министерот за труд и транспорт на Танзанија, Џефри Касекенија, откри дека преговорите за изградба на мостот, кои почнаа на 11 март, напреднале далеку, пренесе „Бизнис инсајдер“. Според Касекенја, кинеската инженерска компанија COVEC изразила интерес да помогне во изградбата на мостот.

Заменик-министерот рече дека идејата за изградба на мостот ќе вклучува партнерство во бизнис секторот и дека двете страни, и во Танзанија и во Занзибар, исто така работат на деталите.

Најдолгиот мост во светот е долг 164 километри и е долг вијадукт на брзата железница од Пекинг до Шангај. Изградбата чинеше 73 милијарди евра.