(Видео) Поради поплави со хеликоптери се спасуваат жители на Атина и Евија


Силна бура ја погоди Грција, а стотици домови се поплавени во Атина, додека евакуација се вржи ан сотровот Евија, кој ова лето беше пеплосан од пожари.

Спасувачите се подготвувааѕ со хеликоптери да ги спасуваат луѓето заробени на покривите од зградите поплавени и оддалечени на северозападот на островот Крф.

„Нема сомнеж дека сме соочени со опасна временска појава која е многу сериозна во некои делови од земјата“, реле министерот за цивилна заштита и климатски промени Христос Стилијанидес.

На островот Евија најмалку три области кои беа погодени од пожарите во август се евакуирани. Неколку десетици се евакуирани и од домовите на северот на островот и ќе бидат сместени кај пријатели или во хотели обезбедени од регионалните власти.

Пожарите од летоска на северниот дел од Евија ја оставија таа обласt подложна на поплави.

Бурата денеска го погоди и главниот град на Грција, Атина, како и делови на југот на земјата, при што предизвикаа нарушување во сообраќајот и затворање на патишта.

Пожарната служба добила повеќе од 300 повици за испумпување вода од поплавени домови.

Десетина возила останале блокирани на поплавени патишта, а луѓето во нив се приморани да ги напуштат.

Силниот дожд го наруши јавниот сообраќај, но летвоите на меѓународниот аеродром во Атина не беа погодени.

Владата објави предупредување на грчки и на англиски на мобилните телефони во погодените области пвикувајќи ги лушето да избегнуваат непотребно движење во областите кои може да бидат поплавени.

Училиштата во Атина, на Евија и во регионот во северна Грција во близина на Солун ќе бидат затоврени утре.

Времето се очекува да се поправи во сабота.