Британија нема масовно да вакцинира тинејџери


Британските министри одлучија сека нема масовно да ги вакцинираат тинејџерите во таа земја, јави телеграм.

Место тоа, вакцините се наменети за деца од ранливи категории од 12 до 15 години и оние кои наскоро ќе наполнат 18.

Се чекаат докази за можни ризици

Се верува дека Одборот за вакцинирање и имунизација ги советувал министрите против воведување вакцини за сите деца, додека не бидат достапни понатамошни докази за ризиците. ДОзи од вакцините ќе им бидат понудени на деца меѓу 12 и 15 години кои се сметаат за ранливи на корона вирус или кои живеат со возрасни кои се имуносупримирани или на друг начин ранливи на вирусот.

Вакцината ќе има се понуди и на оние кои имаат 17 години, а во рок од три месеци треба да наполнат 18, наведува Телеграм, а Одборот соопштил дека ќе ја надгледува можноста за вакцинирање на сите деца.

Во Британија вчера имаше 54.674 нови случаи на зараза, а меѓу заразените е и министерот за здравство Саџид Џавид.