Закани место пари за 27 лица од Турција кои дошле да работат во Гостивар


Фото: Б. Грданоски

Гостиварец им се заканувал на 27 лица од Турција, кои ги повикал да извршуваат градежни работи на објекти во Гостивар.

– На 21.06.2023 во 13.00 часот во СВР Тетово, А.Х.(60) од Република Турција пријавил дека во март годинава, тој и уште 26 други лица, исто така, од Турција, биле повикани од април да почнат да извршуваат градежни работи на објекти на гостиварското подрачје, а дека за нивната работа редовно ќе им исплаќал Е.М.(37) од Гостивар. Но, пред извесно време Е.М. одбил да им исплати извесен паричен износ и им упатил закани, соопшти МВР.

Се расчистува и документира случајот.