По бунтот во Ченто, Чулев денеска со прес-конференција


Министерството за внатрешни работи објави дека синоќа во Синѓелиќ биле приведени три лица, меѓу кои и тинејџер од Арачиново.

Вчера во 22 часот во ПС Гази Баба од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од с. Синѓелиќ и В.В. (30) од ул. „Алија Авдовиќ“ поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од КЗ на РСМ, односно непочитување на ограничувањето на движење. По лишувањето од слобода на лицата, на ул.„Алија Авдовиќ“, поголема група граѓани излегле на истата улица во знак на протест, се вели во полицискиот билтен.

По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење, информираат од МВР.

Mинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев за денеска во 12.30 часот најави прес- конференција на која ќе ги соопшти деталите во врска со вчерашниот настан во населбата Ченто.