Северина ја освои Љубљана, на ред е Скопје


Северина синоќа настапи во преполната Стожице Арена во Љубљана, продолжувајќи ја својата турнеја „Ја само пјевам“. Со овој концерт, турнејата стана регионална, а ќе следат настапи во други градови и земји. Турнејата започна минатата година во салата „Грипе“ во Сплит, по што следеа два концерта во Загрепската Арена и настап во Пулската Арена пред еден […]

Депардје ја прифати пресудата за сексуален напад, доби 18 месеци условна казна


Париз – Француската актерска легенда Жерар Депардје ја откажа жалбата против пресудата за сексуален напад врз две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, со што неговата условна казна од 18 месеци затвор станува конечна. Во соопштението објавено денес, Депардје рече дека ја прифаќа пресудата и понуди „длабоко и искрено извинување“ до […]

Црвениот килим на почесните Оскари во Холивуд (фото)


Лос Анџелес – Академијата за филмска уметност и наука, синоќа, по 17-ти пат ги организираше Governors Awards. На гала настанот кој не се пренесува на ТВ пристигнаа славните ѕвезди во гламурозни изданија. Инде Наварет, Џафар Џексон, Ендру Гарфилд, Ленс Опенхајм и Натан Филдер беа само неколку од кандидатите за Оскар кои пристигнаа на 17-тата гала […]

ВМРО-ДПМНЕ го нападна обвинителството за случајот со Сара во Охрид


Владејачката партија денеска сите напади околу новиот шокантен случај поврзан со жена, овој пат во Охрид, ги насочи кон Обвинителството. Според владејачката партија, морало да има одговорност зошто на тепачот му се изрекле благи мерки. ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение рече дека застанува зад Сара и нејзиното семејство, сочувствува со нив и повикува на итна и решителна […]

Митовски за кравите: Дајте ми мандат за дејствување, ќе го решам проблемот


На денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Митовски посочи дека […]

Кина вели дека претстојната средба Ши – Трамп – Путин е „историска“


Кина денеска го истакна значењето на претстојната средба меѓу кинескиот, американскиот и рускиот претседател, опишувајќи ја како „историска“. Тројцата лидери ќе разговараат за зачувување на светскиот мир и унапредување на стабилноста меѓу големите сили, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, во Пекинг. Кинескиот претседател Шји Џјинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот […]

Кривична пријава за насилникот од Охрид, Савески најавува итно постапување


  Поднесена е кривична пријава против насилникот од Охрид, кој си ја претепа девојката и ѝ нанесе тешки телесни повреди – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. „СВР Охрид поднесе кривична пријава против К. К. на возраст од 31 година од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда […]

Што се случува во Македонија? Кошмарот на претепаната Сара од Охрид премина уште една граница


  Новото брутално насилство врз жена, од нејзиниот партнер, во Охрид, предизвика уште една бура во македонската јавност од синоќа, кога беше информирано дека 31-годишен маж, претепал девојка, која паднала во бесознание, а тој ја исфрлил од автомобилот пред некој маркет. Девојката е пренесена во болница, а тој е на слобода. Сепак, за драмата да […]

Мрежата на Алта банка во Србија се шири и кон директорката која работи на нејзиниот стечај


  Еден од членовите на семејството на директорката на српската Агенција за осигурување на депозити, Љубица Пантелиќ, во Алта банка има три кредити од 1,6 милиони евра земени во 2024, 2025 и 2026 година. Станува збор за кредити земени од нејзиниот девер на име на неговиот бизнис. А сопругот на директорката на агенцијата гарантира за […]

„Разговори за иднината“ бараат да не застаруваат гонењата за корупција


  Организаторите на „Разговори за иднината во 12,05“ бараат законски измени со кои нема да застаруваат кривичниот прогон и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот од политичка корупција. Во реакција на најавата за нов Кривичен законик, предлагаат и повисоки затворски казни за противправно стекнување и прикривање имот, како и посебен закон за потекло на имот. Според […]

Глен Клоуз и Ридли Скот ги добија почесните Оскари за 2026 


Лос Анџелес – Американската актерка Глен Клоуз и британскиот режисер Ридли Скот беа меѓу петте личности од филмската индустрија наградени на 17-то доделување на наградите „Гувернерс“ што се одржаа синоќа во Лос Анџелес, според објава на Инстаграм од Академијата за филмски уметности и науки. Церемонијата, што се одржа во балската сала „Реј Долби“ во „Овејшн […]

Петрова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на Михаилова


  Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова нема информации за наводните притисоци на бугарската тајна служба ДАНС врз Ива Михајлова од Кочани. По објавувањето на снимките во кои Михајлова тврди дека била уценувана од службите, Петрова вели дека случајот не е во надлежност на Министерството за надворешни работи и дека за неа останува нејасно […]

Мицкоски во Брисел на средба со Копман, во фокус европската перспектива на Македонија


Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во Брисел, оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија. Во фокусот на разговорите, како што напиша Мицкоски во објава на „Фејсбук“, биле европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија. – […]

16 ноември во историјата – Франциско Пизаро постави стапица за Атахуалпа, императорот на Инките


  На 16 ноември 1532 година, Франциско Пизаро, шпанскиот истражувач и конквистадор, постави стапица на императорот на Инките, Атахуалпа. Со помалку од 200 мажи наспроти неколку илјади, Пизаро го намами Атахуалпа на гозба во чест на императорот, а потоа отвори оган врз невооружените Инки. Луѓето на Пизаро ги масакрираат Инките и го заробуваат Атахуалпа, принудувајќи […]

Синеплекс се простува од Иван Хиниќ, директорот на компанијата во Македонија


Со длабока тага, Cineplexx ја известува јавноста дека на 13 ноември, на 54-годишна возраст, почина Иван Хиниќ, директор на компанијата во Македонија. Иван е роден на 25 септември 1972 година. Од 1998 година беше дел од филмската индустрија, на која ѝ посвети речиси три децении од својот живот. Со своето знаење, искуство, визија и посветеност […]

Украина го нападна Кримскиот мост


  Украинските сили го нападнаа Крисмскиот мост во текот на ноќта на 16 ноември, соопшти Сергеј Аксјонов, шефот на Крим назначен од Москва. „Непријателот го нападна Кримскиот мост. Поради ова, сообраќајот ќе биде ограничен приближно до пладне“, напиша тој на Телеграм. Аксјонов исто така најави формирање на оперативен штаб. Според каналот „Кримски мост: Оперативни информации“, […]

Искра Хаџи Василева ја презеде должноста шеф на ОЈО ГОКК од Ислам Абази


 Искра Хаџи Василева и официјално ја презеде функцијата раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од досегашниот шеф Ислам Абази со примопредавање на должноста во просториите на ОЈО ГОКК. По примопредавањето, Хаџи Василева и Абази ќе имаат и средба на државниот јавен обвинител Ненад Савески. Хаџи Василева беше избрана за раководителка […]

„Жени, животни, постколонијалци, бактерии, Други и вознемирените води“ – нова меѓународна изложба во МСУ


Во Музејот на современата уметност – Скопје, вечер ќе биде отворена меѓународната групна изложба „Жени, животни, постколонијалци, бактерии, Други и вознемирените води“. Изложбата ќе биде поставена до 21 март 2027 година и обединува уметнички практики од различни географски, културни и историски контексти, отворајќи прашања за еколошката криза, општествените нееднаквости, капиталистичката експлоатација и односот на човекот […]

„Охридско лето“ се сели во Скопје: Концерт со полските виртуози Патира и Курек во Филхармонија


„Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови налето. По концертите реализирани минатата година, Националната установа и оваа година подготвува три музички средби со реномирани уметници од меѓународната сцена, со кои ја продолжува својата концертна дејност и ја одржува врската со публиката во текот на целата година. […]

Промоција на „Еднореченични “ од Виолета Танчева -Златева во КИЦ


Културно информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани  на  промоција на книгата „Еднореченични “ од Виолета Танчева -Златева во издание на „Паблишер“  на 18. ноември 2026 год. во 19 часот во Салон Империјал 2. Промоторка е проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, а со авторката ќе разговараат писателките Лидија Димковска и Милена Сиљаноска. […]